Магнусен: Алонсо мисли дека е Господ, нема почит, нека се пензионира…

469

Кевин Магнусен го нападна ривалот Фернандо Алонсо за нивната блиска средба во вториот квалификациски сегмент. Шпанецот се обиде да го мине Магнусен од надвор на прваа шикана во својот последен обид во К2, но  двајцата имаа блиска средба, го промашија свиокот и не минаа во следниот сегмент.

Преку тимското радио Нандо веднаш се огласи велејќи дека данецот мисли дека се трка на првиот свиок на квалификациите, но покус не остана ни данецот.

Не ме интересира зошто го направи тоа, ммислам дека беше глупав и непотребен потег. Мислеше дека ќе има совршен слипстрим и на крајот ќе ме мине. Се доближи, не знам колку десетинки, но треба многу да добиете и да се пиближите за да го направите тоа. Секако дека нема да му дозволам да ме мине и да го жртвувам сопствениот круг, нема шанси, знам дека мисли дека е добар, ама нема врска – врати К-Маг.

По крајот на квалификациите, Алонсо изјави оти Магнусен сакал да го мине на загревачкиот круг, што било причина за инцидентот.

Бевме 6 или 8 болиди во група, на излезот од Аскари Фернандо ги загреваше сопирачките, мислам дека тоа го правеше затоа што се движеше бавно. Јас бев брз и сакав да го минам, но одеднаш од не знам кој причина се обиде да забрза и да ми се доближи наместо да остави простор како што прават сите други.

Јасно е деа имаше силен слипстрим и мислеше да ме мине на првата кривина, но попрво би се обесил одошто да му озволам.

Запрашан да ја прокоментира реакцијата на Алонсо преку радиото, Магнусен откри.

По квалификациите дојде и ми се изнасмеа во лице. Без грам почит. Не можам да дочекам да оди во пензија.

Постојано збори дека неговите кругови се прифинети. Искрено, човекот искрено мисли дека е Господ. Навистина е забавен за слушање.

Стјуардите по квалификациите го истражуваа инцидентот и ги викнаа двајцата возачи но решија да не казнуваат никого.


Магнусен: Алонсо мисли дека е Господ, нема почит, нека се пензионира…

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>