Поранешниот тест возач на Скудерија Ферари, Лучијано смета дека славната италијанска екипа не му помогнала доволно на Себастијан во борбата за ланската Формула 1 титула.

Германецот пропушти да ја освои својата 5та возачка титула и истото го направи Луис Хамилтон.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Бурти мина две години тркајќи се во Формула 1 пред да стане тест пилот во Маранело. Тој смета дека Себ не ја добил потребната поддршка по грешката во Германија и поради тоа смета дека на екипата и треба шеф како Жан Тод, а не како Маурицио Аривабене.

тоа беше навистина мала грешка која се случи, а навистина немаше среќа што се случи во погрешно време и на погрешно време при што имаше големи последици. одтогаш навистина сметам дека некој како жан тод ќе го утешеше и ќе го вратеше во игра. мислам дека фетел беше осамен по таа грешна – објасни бурти.

Хокенхајм беше прва од грешките кои следуваа во вториот дел од првенството.

штом имате голем притисок над себе и си велите дека не смеете повеќе да погрешите до крајот, нормално дека се случуваат грешки. штом помислувате на грешка и си правите притисок, тоа е тоа, грешите.

иако себ е голем шампион, тој е пред се човек и кога има такви чувства тоа не е добро за никого.

беше осамен и некој како жан тод можеше да направи голема разлика да го врати на вистинскиот пат затоа што вообичаено не се гледа четирикратен прва да греши толку едноставно – заврши бурти.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.