Лутиот Рикардо остана без гласни жици

494
   

Несреќниот Даниел Рикардо врескаше преку неговата кација откако неговиот Рено мотор повторно го изневери на квалификациите во Јапонија. Рикардо остана надвор од К3 сегментот четири пати на последните шест трки и ќе стартува од најмалку 15та позиција во Јапонија откако неговиот мотор загуби сила во време кога требаше да го стартува неговиот брз круг во К2. Австралијанецот ја користи Ц спецификацијата откако се врати на Б спецификацијата поради карактеристиките на Автодромот Сочи во Русија за да има повеќе моќ на располагање, но сепак издржливоста не е на истото ниво.

Немам веќе гласни жици. Нервозен сум. Губење на сила во последниот свиок пред да го стартувам брзиот круг беше за откажување. Никако да ми тргне. Се надевам на пресврт утре, но квалификациите се важни тука бидејќи следењето е тешко. Ќе се обидам. Во моментов сум нервозен – кус беше Дани.

За разлика од него, Макс Верстапен дојде до третата позиција на гридот по проблемите на Ферари. Доколку моторот на Рикардо се покаже непоправлив, тимот ќе може да избере дали да земе нова последна спецификација од Рено и да добие казна или да се врати на постарата спецификација која најавија дека ќе ја возат во Мексико и Бразил.


Лутиот Рикардо остана без гласни жици

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>