Екипата на Хаас ќе му овозможи на Формула 2 возачот, Луи Делетраз, да го изведе својот прв Формула 1 постсезонски тест во Абу Даби при крајот на овој месец.

Возачот од Швајцарија, син на поранешниот Ф1 возач, Жан-Дани, ќе го вози овогодинешниот болид на вториот ден од тридневниот тест, кој е во организација на Пирели.

Секако дека сум возбуден што ќе имам тест во Формула 1 во Абу Даби. Благодарен сум на Џин Хаас и Гунтер Стаинер што ми ја дадоа оваа можност да тестирам за Хаас Ф1.

Тоа е совршен начин да се заврши 2018 година, во која продолжив да се развивам и да ги покажувам моите способности – вели Делетраз.

Како поранешен шампион во Формула Рено 2.0 од Северно Европскиот Куп, како и второпласиран во 2.0 литарскиот европски куп, Делетраз моментално е во својата втора сезона во Формула 2.

21-годишниот возач, кој порано беше дел од јуниорската возачка програма на Рено, се трка за тимот на Шаруз, дел од академијата на Ферари и моментално е на 11то место во генералниот пласман, по два последователни подиума.

Ова е добра можност за Луи да напредува во својата кариера и секогаш е посебен момент да се дебитира во Формула 1 болид.

Тој имаше солидна сезона годинава во Формула 2, во еден од најсилните гридови виден досега – изјави Стаинер.

Делетраз ќе биде дел од тимот на последните две трки во Бразил и Абу Даби. Во тимот исто така се и Арјун Маини и Сантино Феручи како развојни возачи, кои пак заостануваат во однос на Делетраз во генералниот пласман на Формула 2 серијата. Сезоната на Феручи заврши порано откако беше отпуштен од Формула 2 екипата по инцидент со Маими во Силверстон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.