Луис Хамилтон својата четврта титула лани ја освои за време на Големата награда на Мексико, трката која е следна на календарот, а се вози во Мексико Сити на Авторомот Ерманос Родригез претстојниов викенд. Во Америка британецот пропушти шанса да ја запечати титулата, не успеа да освои 8 поени повеќе од Фетел затоа што не го мина Верстапен во последните 10-тина кругови, а Себастијан успеа да го мине неговиот колега, Валтери Ботас.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Лани Фетел уште во првиот круг имаше контакт најпрво со Макс Верстапен, а потоа и со Луис Хамилтон, така што оваа патека не му е многу “по кејф“.

Но, ситуацијата за Луис е едноставна, му требаат само добри поени за да стане првак по 5ти пат во својата кариера.

Единствен спас за Себастијан Фетел е тој да победи, а Луис Хамилтон за заврши на8мо, 9то или 10то место во поредокот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.