Луис смета дека Пирели погрешиле со гумите во Австрија

570
   

Луис Хамилтон верува дека Пирели погрешиле со избборот на гумите за Големата награда на Австрија сметајќи дека трката требало да се вози со гумите со потенок слој кои годинава се користеа во Франција и Шпанија, а ќе се користат и претстојниот викенд во Силверстон.

Откако беше приморан два пати да влезе во боксот поради оштетување особено видливо на задната лева гума, Хамилтон беше критички насочен кон Пирели.

Тука требаше да ги донесат другите гуми истите оние кои ги имавме на последната трка во Франција – посочи актуелниот првак.

Возачот на Мерцедес смета дека и покрај тоа што ја погрешил стратегијата, доколку се користеле посебните гуми на Пирели, проблемот со гумите немало да се појави.

Таквото оштетување не е невообичаено, кога ќе се погреши во изборот тоа се случува. Ќе повторам, ни требаа другите гуми викендов, но сепак тоа немаше да направи апсолутно никаква разлика за мене на трката.

Тој се повлече од трката во 65от круг откако имаше проблем со пумпата за горивот што го чинеше губење на водството во шампионатот, но двојното откажување ги чинеше губење на водството  и “сребрените стрели“.

Се обидував да претекнувам и тоа е веројатно проблемот со овие гуми, не може да останете во трка и буквално да се тркате. Имав одличен ритам во трката и доколку останев со истите гуми до крајот ќе бев многу конкурентен и ќе се борев. Сметам дека гумите гии ограбија фановите за одлично тркање, но тоа не може да се промени

Овие гуми не се доволно добри за ние да можеме вистински да се тркаме и да се бориме. Едноставно не додржуваат – заклучи Хамилтон.


Луис смета дека Пирели погрешиле со гумите во Австрија

16 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>