Сезонава изгледа дека двајцата возачи на Мерцедес меѓу себе ќе се борат за насловот, а актуелниот шампион, Луис , смета дека тимот не е виновен што е толку силен.

Предсезоната изгледаше дека Скудерија ќе доминира во 2019 година, но излезе целосна спротивност и “сребрените стрели“ имаат пет 1-2 победи на исто толку трки сезонава. Во моментов Луис има 112 поени зад своето име, двојно повеќе од третопласираниот Макс Верстапен и посакува да имал поголем конкуренција надвор од војата екипа.

би било многу позабавно да се тркате против друга екипа, тоа е суштината на формула 1, тоа е возбудливиот дел кога се тркате против некои други екипи кои се конкурентни како вас и секоја од нив има по двајца возачи. посакувам секоја екипа да е конкурентна, да има силни и слаби страни и да бараме меѓусебно начини како да ги користиме слабостите на другите. кога недостасува конкурентност, станува неинтересно.

тркање против колегата од истиот тим не е суштината на формула 1 по мое мислење, но така е во моментов и така беше често во блиското минато – објаснува и се присетува хамилтон.

Сепак, тој е искрен во својата изјава дека не може да го криви Мерцедес за годинешново ривалство во екипата.

луѓето кои гледаат може да не бидат среќни со предноста која ја имаме пред ферари. секако дека ние целиме да бидеме колку што може побрзи и не знаеме зошто другите заостануваат.

не е наша вина што сме толку силни и пред сите затоа што ние си ја вршиме работата фантастично.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.