Луис смета дека Либерти Медиа треба повторно да размислат околу додавање на повеќе Формула 1 трки во традиционалните земјите, како неговата татковина Велика Британија, наместо да се шират во земји кои немаат традиција во тркањето како Виетнам.

Силверстон, Монца, Хокенхајм и Нирбургринг, патеки кои одамна се дел од Формула 1 календарот, имаат големи финансиски потешкотии во организацијата на трките. Во минатото имаше и патеки како Турција, Индија и Кореа кои многу кусо се задржуваа на каледнарот, поради што шампионот е загрижен за Виентам.

од тркачка гледна точка, не знам колку е важно да се оди во нови земји. сметам дека трка во силверстон и трка низ улиците на лондон би било многу кул.

во англија има богата тркачка историја, исто како и германија и италија, а во последно време голем е растот и во америка, но сите тие места имаат по само една трка. ако јас одлучував, ќе се обидев да организирам повеќе трки во тие места – смета луис во својата изјава за BBC Sport.

Петкратниот првак појасни дека посетата на Индија во периодот кога таму се тркале бил проблематичен, а смета дека исто ќе биде во сите земји во развој.

сум бил во виентма и прекрасно е, сум бил и во индија пред да се организира трката и беше чудно затоа што таа земја е толку сиромашна, а имавме масивно и прекрасно гранд при на среде пустелија. бев зачуден и во прашалници кога одев таму.

имавме гранд при трка и во турција, но таму речиси никој не доаѓаше да ја гледа. патеката беше кул, викендот беше убав, но публиката недостасуваше – заклучи хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.