Луис Хамилтон смета дека е неточно тоа што го тврдат луѓето дека Себастијан Фетел практично му ја подарил 5та титула на сребрена чинија. Германецот имаше неколку грешки сезонава по одличниот прв дел кој го имаше по што заостана многу во возачкиот поредок.

Поранешниот тимски колега на Хамилтон, Нико Розберг, верува дека Себ и Ферари направиле неколку грешки и пропуштиле големо можности за да го задржат чекорот со нив.

Се е до константноста, а Фетел го направи спротивното. Тој беше горе-долу последните некоклу месеци, а екипата исто така. Од летото на патеката постои само една екипа што е неверојатно откако Фетел беше толку силен, беше лидер, но се придвижи во целосно друга насока. Тоа е резултат на грешките со кои никогаш нема да го победите Луис Хамилтон затоа што тој не греши – изјави Нико Розберг за официјалниот сајт на Формула 1.

Луис сепак не смета дека Себастијан му го олеснил патот до титула оваа година.

Гледам многу луѓе кои ми велат дека титулата ни е подарена што ја намалува вредноста на работата што јас и тимот ја завршивме. Освојување на титулите е наша цел, кога јас ја освоив својата прва, еден поранешен шампион ми кажа дека освојување на втора титула е многу потешко. Секоја следна титула е се потешка и потешка дури и доколку се подобрувате. Но, јас сметам дека најмногу уживам во оваа поради работтие со кои се соочив и горд сум за тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.