Луис Хамилтон истакна дека релативно непостојаната форма во првиот слободен тренинг во Абу Даби е поради проблем со пневматиците во несекојдневни услови.

Хамилтон успеа да биде само четврт најбрз во Т1, малку помалку од 1 секунда позади Макс Верстапен. Во Т2, британецот не успеа да ја подобри својата позиција, но се доближи до две десетинки до најбрзото време поставено со болид на Мерцедес, односно тоа на Валтери Ботас.

Светскиот шампион изјави дека Т1 било аномалија во севкупно добриот ден.

Севкупно, денот беше добар, иако првата сесија не беше одлична. Патеката немаше доволно грип на почетокот, имаше многу пролизгување и како и сите останати, имавме проблем со пневматиците.

Постои голема разлика во температурата помеѓу двете сесии. Условите во Т2 се поиндикативни за квалификациите и трката, во однос на тоа, Т1 и Т3 не ви ја покажуваат целосната слика.

Направивме добри промени помеѓу сесиите и бев позадоволен со болидот во Т2, но сеуште не чека работа. Ред Бул изгледаа брзи денес, тие најчесто се брзи во тренингот и трката, така што не се сомневам дека ќе биде исто и овој викенд – вели Хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.