Луис имал минимално оштетување на болидот

502
   

И покрај тоа што го тврдеа спротивното, по анализата на болидот, Мерцедес откри дека болидот број 44 на Луис Хамилтон имал минимални оштетувања од контактот во 3от свиок од првиот круг со Кими Раиконен во Силверстон.

По сударот Хам преку тимското радио дојавуваше дека има штета, дека половина под му е уништен, дека болидот е бавен… Но, Ендрју Шовлин при својата анализа на трката откри дека оштетувањето било минимално.

Речиси и да немавме штета иако ударот беше доста силен и имавме голема среќа. Луис навистина се жалеше на болидот, но тоа не беше штета туку турбуленции од нечистиот воздух бидејќи во првиот дел цело време следеше болиди и се бореше да ги мине. Штом стигна до чист воздух пред себе можеше вистинск да го почувствува болидот и можевме да ги видиме неговиот вистински ритам. Тогаш увидовме дек оштетувањето било минимално – појасни Шовлин.

Инженерот на Мерцедес се осврна и на тврдењето дека болидите на Ферари намерно удираат во Мерцедес, но смета дека доколку Хамилтон имал подобар старт, Кими немало да стигне нити да го удри.

Работиме многу за да го разбереме тој проблем затоа што сме добри во однос на тоа што се квалификувавме на пол позиција, но мораме да стартуваме како Ферари за да ја задржиме предноста и имаме намера тоа да го направиме во Германија.

Вистината е дека тркалата вртеа во празно на момент, загубивме грип и поради тоа Ферари не мина на почетокот. Вежбавме стартови на Силверстон и се беше во ред, но од некоја причина во Недела не беше така и загубивме вредни позиции – заклучи Шовлин.


Луис имал минимално оштетување на болидот

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>