Луис е воодушевен што Роберт Кубица се враќа на Формула 1 гридот следната година само поради тоа што пектраниот првак ќе може да се почувствува млад.

Полјакот се враќа на гридот следната година, две години откако реши и почна да се бори за да се врати во врвот на моторспортот и да се трка на врвно ниво повторно. Возачот на Вилијамс ќе има 34 години што значи дека ќе биде втор најстар возач на гридот по Кими Раиконен, а Луис Хамилтон ќе биде зад него по возраста.

среќен сум што се враќа, фернандо заминува и ќе останев втор најстар возач на гридот, но со него ќе бидам трети. навистина сум среќен поради тоа – се пошегува хамилтон на пресс конференцијата во абу даби.

Потоа, актуелниот првак се осврна повеќе на возачот, неговиот талент и неговите постигнувања во кариерата.

сум се тркал со него од деновите во картинг и навистиан многу долго го знам. секогаш беше еден од најталентираните возачи и навистина е големо задоволство да се тркате со него.

му беше навистиан многу тешко последните кој знае колку години и сега е одлично што повторно доби можност да се врати. се надевам дека напорно ќе работи и ќе ги искористи своите силни страни и ќе ја врати формата од минатото. мислам дека неговото враќање е многу возбудливо за спортот – смета луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.