Луис “брка“ рекорд викендов

349

Ако Луис Хамилтон победи на Канадското Гранд При 5ти пат по ред, тој ќе стане само вториот возач со 6 победи на некоја Гранд При трка.

Михаел Шумахер засега е единствениот со такво достигнување, откако дури 7 пати се искачуваше на врвното место на подиумот во Канада, а дури 8 пати во Франција.

Во 2007 година Хам победи за прв пат на својата омилена патека, а воедно тоа беше и негова прва Формула 1 победа во кариерата. На сите 10 трки на колку што возеше во Монтреал, никогаш не бил полошопласиран од 3то место.

Паралелно со 6те победи има и исто толку пол позиции, а минатата година водеше на буквално секој круг од трката. Засилен со новата спецификација на моторо од Бриксворт, британецот дефинитивно повторно оди на победа.


Луис “брка“ рекорд викендов

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>