Лош тренинг за Макс поради оштетен под

118
   

Макс Верстапен го оштетил подот на својот болид за време на петочните тренинг сесии за Австриското Гранд При.

Холанѓанецот беше трет најбрз на утринската сесија, но падна на петто место во Т2. Неговото најдобро време беше постигнато со ултрасофт пневматици, додека Даниел Рикардо успеа да биде побрз на суперсофт.

Верстапен изјави по тренинг сесиите дека неговата форма опаднала поради оштетување на подот на неговиот болид.

Се оштети подот. Нешто се скрши внатре во самиот под. Во втората сесија морав да возам со под кој беше адаптиран, но делот ќе се промени вечерва и нема да има траен ефект.

Користев стар под, ќе го промениме со нов за саботните сесии, но бевме малку лимитирани што влијаеше над потисната сила на мојот болид. Денот не беше совршен. Сеуште има простор за подобрување.

Знаеме дека губиме многу на правците, споредено со Ферари и Мерцедес. Иако има и трета ДРС зона, сепак губиме премногу. Не очекува уште работа. Се обидуваме да го најдеме балансот. Сеуште не сме го пронашле оптималното ниво. Ќе работиме преку ноќта.

Не сметам дека е до пневматиците, не сме задоволни со балансот на болидот. Доколку го најдеме вистинскиот баланс, тогаш и пневматиците ќе функционираат како што треба. Потребен ни е подобар сетап – изјави Верстапен.

Верстапен имаше неколку мали грешки, поради кои отиде прешироко во текот на тренингот, но тој не беше единствениот. Неколку возачи имаа проблеми со истакнатите жолти ивици, вклучувајќи го и Пјер Гасли од Торо Росо, која ја скрши предната лева суспензија и доведе до црвено знаме во Т2.

Верстапен не смета дека оштетувањето на неговиот болид е поради преминување преку тие ивици.

Не е поради надворешните “виршла“ ивици, туку поради внатрешните. Мислам дека е поради вибрациите. Тие ивици се многу агресивни во последните неколку години. Не е идеално и сите се обидуваат да ги избегнат.

Секако, можат да го оштетат предното крило. Но доколку стават ѕид наместо ивица, ќе удрите во ѕид. Едноставно е, не преминувајте преку нив! – додаде Макс.


Лош тренинг за Макс поради оштетен под

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>