Техничкиот шеф на Вилијамс, Пади Лоув, ги поддржа неодамнешните предлози за доделување на поени на повеќе од првите 10 возачи кои ќе ја завршат трката. Формула 1 ги истражува можностите за промена во правилата по 2021 година со цел да се создаде поинтересна тркачка серија.

Поени за повеќе возачи ќе значи повеќе битка на патеката кога се знае дека доколку топ 3 екипи немаат проблеми, првите 6 места се загарантирани за нив така што остнуваат уште 4 позиции кои носат поени. Тоа би ги охрабрило и побавните да се борат. Во Белгија, Ред Бул два кругови менуваше задно крило на болидот на Даниел Рикардо и го пушти на патеката, но по половина трка сфатија дека нема да стигнат до поени и го повлекоа за да го заштитат неговиот мотор.

Лоув со својот Вилијамс има очајна сезона, а неговите возачи редовно финишираат од 12то до 17то место во поредокот.

Предлогот на ФОМ за наградување на повеќе поени наиде на многу позитивен прием кога беше претставен и мислам дека спортот се разви и поените треба да се прошират. Поени за првите 15 или 20 возачи би било многу подобро.

Тоа што го постигнавме годинава е дека нашите два болиди имаат многу поголема издржливоста од голем дел од нашите конкуренти, а ние не сме наградени за тоа. За екиапта и луѓето кои многу напорно работат, без разлика дали болидот е брз или бавен, се сигурни дека тој нема да се расипе и не добиваат ништо за тоа.

Сметам дека поени ќе охрабрат многумина, не се работи само за луѓето на патеката туку и стотиците вработени во фабриките. Денеска е многу тешко да се стигне до поени и тоа ќе ги мотивира луѓето.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.