Главниот технички директор на Вилијамс, Пади , објасни како Формула 1 допринела за патничкитеавтомобили и го овозможила создавањето на најпознатиот електричен автомобил, .

Хибридните решенија во Формула 1 датираат од 2009 година кога беше воведен КЕРС системот – Систем за поврат на кинетичката енергија која се создава при кочење во енергија која ќе се користи при забрзувањето.

ако ги погледнете литиум-јонските батерии, кга почнавме со керс во 2009 година, односно неговиот развој од 2007 година, никој не сметаше дека тоа е можно. сите мислеа дека тоа ќе биде само минлива фаза.

проблемот беше во густината на моќта која се испорачува, не во батериите, а ние испорачувавме 100 пати погуста моќ од она што го очекувавме. по мене, тоа е причината што денеска ја имаме тесла. денешнтие патнички електрични автомобили имаат потреба од голема густина на моќта од батериите, а тоа го добија со истражувањата кои ние во формула 1 ги правевме – откри пади.

Важноста и допринесувањето на врвот на моторспортот кон технологијата во патничките автомобили се зголемил паралелно со растот на буџетите. Пади смета дека денешните технологии се појавуваат во патничките автомобили за разлика од времето кога тој почнал во Формула 1.

екипите се максимално професионални и имаат многу подобри буџети. иако сите се жалат дека немаат доволно пари, таквото жалење трае веќе 30-тина години.

проблеми постојат со дистрибуцијата на приходите, тоа сите го знаеме, а тоа создава нерамномерни буџети низ гридот. но и најслабо финансираните екипи се светлосни години од оситуацијата во минатото. тоа се пренесува на професионалност и врвен инженеринг кој се користи како никогаш досега. спортот расне комерцијално и технички – смета лоув.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.