Техничкиот шеф на Вилијамс, Пади , смета дека новиот возач на екипата, Џорџ , има потенцијал да го следи силниот раст и развој на Шарл Леклер, кој по само една Формула 1 сезона, мина во Ферари.

Леклер беше Формула 2 првак од 2017 година, дебитираше со Заубер на почетокот на оваа сезона, веднаш се виде неговиот талент, а Ферари брзо реагираа и го доведоа како замена за Кими Раиконен за 2019 година.

Расел ја наследи титулата од Леклер оваа сезона и доби шанса во Формула 1 кај Вилијамс, каде 2019 година ќе ја комплетира во тандем со искусниот полјак Роберт Кубица. Пади смета дека возачкиот тандем за 2019 година ќе биде многу посилен одошто овогодинешниот кој го сочинуваа Ленс Строл и Сергеј Сироткин.

имаме различна комбинација на возачи следната година што е неверојатно возбудливо. џонџ е еден од најголемите таленти во моментов. го видовме шарл годианва како дојде од победничкото место во формула 2 и се надевам дека слични перформанси и класа ќе видиме и од џорџ следната година. сепак, мораме да бидеме внимателни, не сакаме да му ставаме преголем притисок затоа што има само 20 години.

тоа што го имам воочено низ годините е дека на различни возачи им треба разлчно време да се прилагодат на формула 1, некои тоа го прават побавно, некои побрзо. но, тоа нема врска со фактот како ќе се развиваат и колку добри ќе станат на крајот. одиме во сезона во која немаме одредени очекувања и поставени цели за џорџ. сепак, на долг рок, сметам дека тој ќе биде еден од лидерите во спортот – најави пади.

Расел е дел од нова генерација возачи кои доаѓаат во Формула 1 од јуниорските категории, а следната сезона во врвот на моторспортот друштво ќе му прават неговите довчерашни колеги од Формула 2, Ландо Норис кој ќе вози за Мекларен и александер Албон кој ќе вози за Торо Росо.

Пади е нетрпелив да види како малдите возачи ќе се однесуваа против великани како Луис Хамилтон, особено поради фактот што работеше со петкратниот првак во 2007 година кога британецот влезе во спортот преку Мекларен. Таа сезона, Луис крај себе го имаше двократниот првак Фернандо Алонсо за противник, а Расел ќе го има искусниот Кубица.

имав среќа да работам со луис во неговата прва формула 1 сезоан кога беше дебитант. знам некои предизвици со кои се соочи и ќе биде интересно да го спроедам тоа со расел – заврши лоув.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.