Техничкиот шеф на Вилијамс, Пади , човекот кој во времето на освојувањето на титулата на Нико Розберг во 2016 година ја вршеше истата функција во Мерцедес, смета дека поразот од Нико, го мотивирало Луис да биде уште подобар.

тој имаше фантастична сезона, последните две сезони по мене му беа најсилни во кариерата. Во 2016 година ја загуби борбата, а веројатно веруваше дека ќе победи така што тој момент беше одлична мотивација за него за да си ја измериа својата вистинска сила. следуваа последните две години во кои е феноменален.

Себастијан Фетел секако дека сезонава го намачи и испоти Хамилтон за својата 5та титула, но Лоув верува дека возачот на Ферари не е класата на Луис.

Хамилтон стана многу тежок возач за победување. видовме колку себастијан се мачеше да го победи годинава, имаше секакви порази и мислама дека луис е друга класа.

тоа е една разлика помеѓу нив, а друга разлика е тимската работа. една екипа, мерцедес, се покажа многу подобро од другата, а како шлаг на тортата дојдоа и перформансите на хамилтон – заврши лоув.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.