Според техничкиот директор на Вилијамс, Пади , Формула 1 тимовите вложиле многу за да се осигураат дека новите правила кои треба да стапат на сила од 2019 година немаат никакви “дупки“ од кои би профитирале некои од екипите.

Либерти Мадиа ќе се оиде следната година да го олесни следењето и зголеми претекнувањето на патеката откако возачите сезонава се жалеа дека болидите се аеродинамички многу осетливи. Претходната промена на аеродинамички правила кои се случија во 2009 година, ги донесе Браун на шампионското место, благодарение на нивниот двоен дифузер. Пади смета дека истото сценарио нема да се повтори и оваа сезона.

екипите беа подготвени и отворени, барем некои од нив, и овозможија дел од нивниот врвен персонал да биде присутен кога се договараа правилата. правилата се рестриктивни, се надевам дека така ќе биде за сите, а ние во моментов се мачиме да најдеме перформанси од така дизајнираните предни крила.

општо гледано, тимовите сакаат чистина во правилата и не сакаат многу аргументи и лошо дефинирани правила што ќе донесат многу разлики во австралија. со таквото размислување, сите се расположени  за подобро дефинирање на правилата до најситни детали за сите да бидат свесни за што се работи – објасни лоув.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.