Техничкиот шеф на Вилијамс, Пади Лоув, смета дека екипата имала релативно добар ден на неделната трка по Автодромот Ерманос Родригез и покрај тоа што Ленс Строл и Сергеј Сироткин завршија надвор од поени, едниот беше 12ти, а другиот зад него.

Тимот има лоша сезона со само 7 поени од досега извозените 19 трки сезонава, а ФВ41 речиси никогаш не е конкурентен на патеката. Канаѓанецот Строл комплетираше трка со две промени на гуми, додека Сергеј само еднаш ги посети своите механичари, но русинот имаше подобра трка успевајќи кон крајот на истата да го мине Кевин Магнусен од Хаас.

Лоув смета дека со оглед на перформансите на болидот на тимот, резултатот бил позитивен затоа што не биле последни.

Со оглед на општото ниво на перформанси, имавме релативно добар ден и повторно завршивме со два болиди неоштетени, што е позитивно за нашата екипа.

Беше многу тешка трка во однос на менаџирањето на гуми, но нашите возачи се покажаа многу компетентни да го контролираат ритамот и животниот век на пневматиците. Тоа на крајот направи разлиак за нив и тоа што оставија неколку болиди зад нив на крајот – појасни Пади.

Во моментов Вилијамс се последни со 26 поени зад Торо Росо кај конструкторите на две трки пред крајот на сезоната, додека Заубер се дополнителни 3 поени пред Торо Росо, благодарение на двојниот финиш во поени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.