Сезонава која претстои, Сергеј нема да биде повеќе дел од Вилијамс, откако екипата се реши за целосно нов тандем на возачи, а техничкиот шеф Пади Лоув смета дека тоа е голема штета за екипата.

Русиот стигна до само еден поен во 2018 година со очајниот болид на Вилијамс во сезона во која екипата од Гроув беше убедливо последна во поредокот. Следната година искусниот Роберт Кубица и младиот Формула 2 првак, Џорџ Расел, ќе бидат дел од екипата.

не смееме да заборавиме дека 2018 година беше дебитантска за сироткин и тој беше одличен тимски играч, полн со поддршка до сите, индивидуално и тимски. работи неверојатно напорно и посветен е на сопствен развој без разлика што прави. штета што не можеме да дозволиме да имаме повеќе од двајца возачи – објасни пади.

Лоув смета дека новиот тандем на тимот е фантастичен, но не го крие разочарувањето што го губи Сироткин.

избравме тандем возачи за следната година, тандем кој мислам дека е фантастичен, комбинација од шампион како џорџ расел и искусен роберт кубица кој е легенда и знаеме за што е способен. навистина сме возбудени за нашите возачи. но, тоа што фали е што не можеме да дозволиме да го задржиме сергеј,


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.