Лоув објаснува зошто Вилијамс не го отпуштат како Булие

187
   

Техничкиот шеф и партнер во Вилијамс, Пади Лоув, верува дека човековите вредности и хуманоста кои владеат во Вилијамс спречуваат голем дел од критиките кои се насочени кон него по овогодинешниот неуспех на тимот. Британецот ова го изјави откако оставката на Ерик Булие на челното место во Мекларен беше експресно прифатена.

Како две од трите историски најуспеѓни екипи на гридот, Вилијамс и Мекларен имаат тешка година и лоши серии и перформанси. Вокинг се под голем медиумски притисок и критики да донесат резултат, а Вилијамс се сосема поинакви, иако од почетокот на сезонава се последни на гридот.

Мора да го разгледате тимот и што тој претставува, а особено да се осврнете на Френк и да видите што тој создал. Се работи за многу почитувана екипа.

Пристапот на Френк, неговите вредности, начинот на кој пристапува на тркањето ја мотивира екипата да продолжи понатаму, а Клера фантастично добро го следи тој пат во однос на спортскиот дух и хуманоста кој преовладува.

Во еден хотел го имав сретнато Френк додека работев во Мекларен и тоа беше многу лош ден за него. Му кажав дека ми е многу жал, а тој ми кажа дека тие само тестирале и го пронашле тоа што го барале. Тоа е вистински став.

Постојат луѓе со многу помала хуманост кои само обвинуваат за било каков проблем или за лош ден. Мислам дека луѓето ја почитуваат позицијата во која се наоѓаме и не не судат доколку имаме лоша сезона – смета Лоув.


Лоув објаснува зошто Вилијамс не го отпуштат како Булие

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>