Лоренс Строл сака да го види својот Рејсинг Поинт Формула 1 тим помеѓу трите најдобри екипи во тркачката серија.

со правилно финансирање, винстинско лидерство и добра мотивација, нема причина зошто да немаме високи очекувања. зошто да не можеме да постигнеме и подобри резултати од очекувањата и да се бориме за трето место – изјави лоренс за New York Times.

Во 2016 и 2017 година, Форс Индија завршуваше како најдобра од останатите, но со голем заостаток зад најдобрите три екипи на гридот, Мерцедес, Ферари и Ред Бул, Сезонава беа на 7мо во поредокот по 21 трка, но по 12 трки ги загубија сите поени откако влегоа во постапка на администрација. Купувањето на тимот од страна на Конзорциум на чело со Строл го спаси тимот од Силверстон, продолжија да се тркаат под истото име, но за следната година се пријавени како Рејсинг Поинт во официјалната пријава до ФИА.

Финансиските проблеми веќе се зад тимот, така што се очекува драстично подобрување во перформансите, според Лоренс, чиј син заедно со Серхио Перез ќе биде дел од возачкиот тандем на екипата. Постартиот Строл уверува дека инвестицијата во екипата не било поради синот, туку поради добрата можност и добриот проект кој му се укажал.

не сум тука поради задоволување на егото, не сум тука за да загубам пари, тука сум на долг рок како и со секој друг бизнис кој сум го поседувал како томи хилфигер, мајкл корс или било кој друг.

Неговото превземање не значи дека ќе се носи во трошењето со автомобилските гиганти Мерцедес и Ферари или пак со сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешич, туку цели кон ограничување ан буџетите и изедначување на финансирањето.

не е тајна дека ќе има некакво буџетско ограничување и подобра дистрибуција на наградниот фонд за помалите екипи. сеуште не е јасно точно што ќе се случува, но она што го слушам по мене е во ред.

Лоренс не е нов во Формула 1 падокот затоа што е присутен неколку години, а во последно време беше инвеститор во Вилијамс, каде претходно возеше син му. Тоа му дало можност да се запознае со спортот и со Чејс Кери лично.

имав доволно разговори со кери за да разберам која насока ја одбрале за во иднина и каде сакаат да го однесат овој бизнис. за мене тоа е добра динансиска можност и ако гледам по 2021 година, тоа е профитабилно вложување.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.