Сопственикот на Рејсин Поинт, Лоренс , сака неговата екипа да ги искористи планираните промени од 2021 година за да стане дел од најдобрите екипи во падокот.

Канадскиот милијардер застана на чело на Конзорциум кој летово го превзеде тимот на Форс Индија откако екипата падна во тешка положба и врезе во административна процедура, така што од Големата награда на Белгија сопственоста беше променета. Екипата на крајот не го повтори успехот од 2016 и 2017 година кога завршуваа на 4то место во поредокот.

на краток рок сакаме да се бориме онаму каде што сме во моментов, а на среден рок сакаме да се бориме за 3то место, наместо како до сега за 4то. на долг рок, со сите промени на правилата, се надевам да станеме еден од најдобрите тимови во падокот – оптимист е строл во своето интервју за официјалниот сајт на Формула 1.

Многумина го критикуваа Лоренс што од тимот го избрка високо ценетиот штитеник на Мерцедес, Естебен Окон, а на негово место го донесе својот син, Ленс Строл. Но, Лоренс признава дека никогаш не планирал да купи екипа, но визијата за тркачката серија го натерала да се предомисли.

гледам на формула 1 како деловна можност, минувам време во разговори за спортот и ја разбирам визијата по 2021 година, некој вид на ограничување на трошењето заедно со порамноправна распределба на приходите. тоа е одлична бизнис можност за ваква екипа затоа што модел е во правилна насока за нас.

во спортот на некој начин сум вклучен 30 години, има само 10 екипи и ако ги погледнете нивните вредности, ако соодветно се работат и инвестира во нив, вредноста значително расне. сметам дека и во ќе биде истото.

Крај Ленс Строл следната година ќе биде искусниот мексиканец, Серхио Перез, кој има подиуми во својата кариера. Екипата ќе ја предводи шефот Отмар Шафнауер заедно со Техничкиот директор Ендру Грин, кои се во тимот од времето на Форс Индија.

затекнав одлично лидерство и менаџмент во екипата, работат долго време и прават фантастична работа, само треба целосно да се поддржат. второ е да се обезбеди соодветна финансиска стабилност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.