Либерти со намалена заработувачка, тимовите ќе добијат помалку

195

Приходите на Формула 1 групацијата во вториот квартал од 2018 година се намалени во споредба со 2017 година и по втор пат 10те екипи ќе споделат намален профит како резултат на тоа.

Севкупниот приход на Формула 1 падна 5% помеѓу Април и Јуни, споредено со истиот период од минатата година, од 616 милиони долари на 588 милиони долари. Сумата која ја делат тимовите падна за 7 проценти, од 330 на 307 милиони долари, или пак, овој квартал тие заработија 23 милиони долари помалку. Оперативниот профит на Формула 1 падна дури 69 проценти, од 45 на 14 милиони.

Немаше промена на бројот на трки во кварталот, но сепак Либерти велат дека една од причините за падот на приходите е тоа што минатата година процентот на исплата од телевизиските куќи претставувало 7/20 од вкупното годишно ниво, додека оваа година, поделбата е 7/21 поради дополнителната трка.

Дополнителлно, вториот квартал вклучуваше една трка со летање, Русија, а таквите настани се вообичаено полукративни од патеки на кои се патува преку земја. Сепак, на тоа влијае и инфлација во давачките.

Либерти велат дека профитот е променет поради промена во начинот на кој се бележат приходите од официјалните партнери и снабдувачи.

Овие давачки претходни биле бележани како про-ратирани со тркачкиот календар, но поголемиот дел се остваруваат во текот на календарската година, додека помал број на одредени настани. Оваа промена довела до зголемување во приходите од рекламен материјал во вториот квартал, но ќе биде неутрална на годишно ниво.

Продажбата од делови за новата генерација на Формула 2 болиди исто така придонела кон зголемување на приходите.

Либерти велат дека цената на Формула 1 приходите е помалку намалена, придвижена од фактот што има помалку исплата до тимовите  во сезоната, надополнето со зголемените трошоци поврзани со снабдување на делови за Формула 2 тимовите и трошоците поврзани со активности за фановите, логистиката, технички активности и дигиталните медиуми.

Трошоците поврзани со продажбата и администрацијата се примарно зголемени како резултат на зголемените маркетинг активности како и истражување на пазарот, надополнето со промена во размената на валути.

Формула 1 исто така исплатила долг од 125 милиони долари по што вкупниот долг на Формула 1 се намалил за 354 милиони долари, од кои што 125 милиони долари се исплатени во вториот квартал.

Шефот на Формула 1, Чејс Кери, вели дека продолжениот договор на Белгиското Гранд При, како и новиот договор со Amazon Web Services, се клучни настани во овој период.

Успешно се вративме во Франција, на Пол Рикар, по првпат од 1990 година и го одрживме нашиот втор фан фестивал. Имавме прогрес и на други полиња, како глобално партнерство со AWS, обновени спонзорски договори, обнова на Белгиското Гранд При и зголемување на нашите дигитални активности – изјави Кери.


Либерти со намалена заработувачка, тимовите ќе добијат помалку

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>