Шарл Леклер ќе го даде својот максимум во трката во Абу Даби во обид да испорача најдобар можен резултат за Заубер во неговата последна трка за екипата.

Леклер ќе стартува од осмата позиција на гридот по одлични квалификации, покрај Роман Гросжан, кој ќе стартува од седмо место.

Ако сум искрен, помалку сме изненадени што се бориме за “најдобри од останатите“ откако имавме проблеми со пневматиците. Прилично е топло, а пневматиците прегреваат.

Сектор еден и два беа одлични, но така беше во текот на целиот викенд. За жал, ги изгубивме сите перформанси во секторот три. На крајот на квалификациите, се подобривме, не губевме толку многу, така што најдовме добар компромис – вели Леклер.

Шарл очекува голема конкуренција од Роман Гросжан од Хаас на стартот на трката.

Ќе биде тешко да се претекне Роман, бидејќи тој е неверојатно брз тука, но ќе дадам се. Ова е моја последна трка за екипата и навистина сакам да им се заблагодарам на најдобриот можен начин, откако направија толку многу за мене годинава.

Ќе бидам агресивен и ќе се обидам да го претекнам и да го задржам позади себе – додаде Леклер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.