Новиот возач на Ферари за 2019 година, Шарл Леклер, изјави дека негова цел е возачка титула со Ферари уштееследна година, секако доколку неговата нова екипа го задржи конкурентното ниво на кое се наоѓа. 20-годишинкот од Монако ќе го замени Кими Раиконен во болидот следната сезона по фантастичната дебитантска сезона со Заубер и ќе стане вториот најмлад возач во истроијата на имто.

Шарл смета дека доколу наследникот на СФ71Х има шампионско педигре, ќе се бори за титула кај возачите уште во својата прва година во Маранело.

Сега е тешко да се каже, но моја цел е да завршам колку што може подобра работа со болидот што ќе го имам на располагање. Годинава мислам дека имаат победнички болид, пакет споосбен за титула и ако и следната година остане исто, ќе одам на титула што дефинитивно е голем залак. Но, претходно морам да се подобрам многу како возач и цел ќе биде колку што може подобри резултати – најави Леклер.

Од страна на новинарите Леклер беше запрашан дали ќе може да ја издржи борбата со својот колега Себастијан Ветел на начин како што дебитантот Луис Хамилтон се бореше со Фернандо Алонсо во 2007 година во Мекларен.

Знам дека голем знак прашалник за многу луѓе е дали јас сум подготвен или не. Тоа не можам јас да го кажам, но мислам дека ако го анализирате Луис, тој уште во својата прва година беше на врвор. Јас верувам дека ако сте доволно добар, искуството е само плус, но ако не стедоволно добар на едно место, нема да бидете доволно добар никаде.

Доколку следната година нема резултати за да останам во Ферари, тогаш ќе биде сосема нормално да одам во друга екипа затоа што не заслужувам место во Ферари. Јас така ги гледам работите.

Дефинитивно јас морам да испорачам резултати, Ферари го очекуваат тоа од мене и сигурно дека не одам во Маранело да учам.  Имам одлична сезона годинава каде цело време учам, а следната ќе морам да давам резултати што е нормално штом сте во голема екипа. Не велам дека ништо повеќе нема да учам затоа што има толку многу работи и знам дека морам да се подобрам во многу работи, но морам тоа да го правам брзо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.