Леклер: Трета последователна К2 е неверојатно

106

Шарл Леклер од Алфа Ромео Заубер изјави дека влез во вториот сегмент од квалификациската сесија на трета трка по ред е неверојатно чувство.

Возачот од Монако исто така заврши со пласман во поени на претходните две трки, со шеста позиција во Баку и 10то место во Барселона. Според него, постигнување на истото на домашна патека ќе биде уште подобро чувство.

Навистина сум среќен со квалификациите. Пласман во К2 на трета трка по ред е одлично чувство, а на домашна трка е уште подобро.

Денот беше добар севкупно и се помина во добар ред. Ова е тешка патека и целата екипа заврши одлична работа во извлекување на максимумот од болидот.

Едвај чекам на трката, кога за прв пат ќе возам на домашна трка тука во Монако. Големиот сон ми се остварува и нетрпелив сум на стартот – изјави Леклер.


Леклер: Трета последователна К2 е неверојатно

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>