Леклер сепак ќе стартува во топ 10

185
   

Шарл Леклер од Заубер беше разочаран што не се пласираше во последниот сегмент од квалификациите за Јапонското Гранд При во Сузука.

Тој не успеа да влезе во К3 за само 0,016 секунди во блиска борба со двата болида на Торо Росо.

Штета е што не се пласиравме во К3. Перформансите ги имавме. Направив мала грешка во мојот прв круг во К2, а потоа не беше возможно да го подобрам времето поради дождот.

Севкупно, ова беше позитивен ден и гледаме дека имаме потенцијал за добри перформанси во трката. Одвај чекам – изјави Леклер.

Но како што изгледа, тој во трката ќе стартува во топ 10, откако Естебан Окон доби казна од 3 места поради пребрзо возење додека беше истакнато црвено знаме во последната тренинг сесија.

Тоа е најдобро сценарио за Леклер. Возачите кои ќе се пласираат во К3 мора да стартуваат со истиот сет на пневматици со кои го постигнале најбрзиот круг во К2, но сепак ќе има слободен избор на компоненти.

Ќе имаме предност со старт на пневматици кои ние ќе ги избереме – додаде Леклер.


Леклер сепак ќе стартува во топ 10

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>