Леклер свесен дека можел до 6то

88
   

Шарл Леклер смета дека тој и Заубер можеле да ги победат Рено и Нико Хулкенберг за 6то место, доколку не бил проблемот при менување гуми кој им ја заврши трката. 20-годишникот се бореше со Хулк за превласт во средината од поредокот, но при промена на гуми во 18от круг,неговите механичари несоодветно го наместија задното десно тркало, по што неговата трка заврши штом тој излезе на патеката, а тимот доби казна од 5 илјади евра.

Штета затоа што се боревме за 6то место, на крајот Нико заврши на таа позиција, а ние имавме одлична шанса да го минеме преку бокс. Стратегијата ќе ме донесеше пред него затоа што менувањето повторно беше брзо, а и одлично ги менаџиравме гумите. Во тој круг бев многу блиску до него и поради тоа решивме тогаш да промениме и сметам дека ќе завршевме пред него.

Кога притискате до лимитот и давате се од себе, се случува да погрешите. Не е голема работа, иако знам дека трката беше позитивна и ќе бевме одлични на крајот од истата.

Во однос на перформансите многу сме блиску до најдобриот од останатите, особено на квалификации кога сме блиску до Хаас се до Т3, каде тие некако се забрзуваат – анализира Леклер.

Во моментов Алфа Ромео Заубер се на 9то место во поредокот.


Леклер свесен дека можел до 6то

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>