Младиот Шарл е почестен што петкратниот и актуелен Формула 1 првак, Луис , со смета за потенцијална закана следната година, заедно со Макс Верстапен.

Леклер е импресивен сезонава за Алфа Ромео Заубер, а кон средина на сезоната, италијанците од Ферари решија следната година да го земат својот штитеник во Маранело, а во спротивен правец да го пратат Кими Раиконен.

Следната година Хамилтон ќе биде во поход по својата 6та шампионска титула, а смета дека Верстапен и Леклер се негови најголеми конкуренти за наслов догодина.

ќе мора многу да се потрудам затоа што доаѓаат одлични млади момци. Шарл Леклер во ферари ќе биде гладен да се докаже, а го имаме и макс верстапен кој сеуште не го покажал најдоброто од себе и смета дека морам да се вклучам во таа борба – изјави хамилтон.

21-годишникот не криеше оти е горд што Луис го става како свој конкурент за титула следната година, а во британскиот шампион гледа неверојатен возач.

дефинитивно е чест што го слушам тоа од луис хамилтон. тој е неверојатен возач, а јас го следма уште откако почнав да гледам формула 1, а тој стигна во оваа серија. ќе дадам се од себе следната година, нп дефинитивно нема да биде лесно затоа што отој има многу искуство, но како и да е, горд сум што го кажа тоа – објасни леклер.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.