Леклер потпишал договор со Ферари

1144

Според шпекулациите кои доаѓаат од Ауто Мотор унд Спорт, Шарл Леклер има потпишано договор со Ферари за наредната година. Тие велат дека Леклер го потпишал договорот со сега починатиот Серџо Маркионе.

Новиот извршен директор на Ферари сака да продолжи со Кими Раиконен како дел од обид на задржување на добрите резултати по починувањето на Маркионе.

Камилери изјави дека сеуште нема одлука, иако најчесто во Италија се објавуваат продолжувањата на договорите со возачите на Ферари.

На квалификациите во Италија, Раиконен ги потсети Ферари за неговиот талент кога ја освои пол позицијата пред Себастијан Ветел, но можеби веќе е касно за неговата иднина иако Ветел е задоволен од Раиконен како свој колега.

Дополнителен проблем за Ферари е тоа што менаџер на Леклер е Николас Тод кој е син на Жан Тод кој е поранешен шеф на Ферари и сегашен претседател на ФИА.

Леклер оваа сезона има 13 поени со Заубер а на квалификациите е подобар од неговиот колега Маркус Ериксон.

Наредниот месец ќе наполни 21 година, само еден ден пред Раиконен кој ќе го прослави својот 39 роденден. Потпишување на толку млад возач не е традиција за Ферари.

Доколку Раиконен не остане во Ферари тој можеби ќе замине во Мекларен или Заубер.

 

 


Booking.com

Леклер потпишал договор со Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>