Шарл Леклер ги пофали Алфа Ромео Заубер за дополнителен прогрес и на оваа трка откако не стигна до поени и поради инцидентот во првиот круг комплетираше само неколку кривини на трка. Возачот од Монако се најде во сендвич помеѓу двата болиди на Форс Индија возени од Серхио Перез и Естебан Окон на излезот од првата кривина во настан кој го опиша како несреќен.
Навистина е лоша среќа да се заврши трка вака во пресрет на летната пауза. Веднаш по стартот заглавив помеѓу два болиди што предизвика оштетување на мојот болид и морав да се повлечам од трката како последица од контактот – објасни Леклер.
20-годишниот возач е задоволен од позитивниот прв дел од неговата дебитантска Формула 1 сезона за Алфа Ромео заубер откако стигна до 13 поени на 11 трки, а тимот е на 9то место во поредокот. Покрај тоа, Шарл многу често е и во К3 на квалификациите.
Морам да кажам дека досега сезоната е позитивна за нас, напредуваме на секоја трка како што посакувавме и научив многу освојувајќи поени. Нетрпелив сум да заврши летниот одмор кој ќе го искористам за одмор и релаксација.