Шарл Леклер ќе го има своето деби како официјален возач на Ферари на тестот на Пирели во Абу Даби, веднаш по трката викендот, а тој смета дека тоа ќе биде посебно и емотивно искуство.

Леклер тестираше неколку пати за Ферари во претходни наврати, вклучувајќи и тест за Пирели на Пол Рикар во Септември, но ова ќе биде негово прво возење како официјален член на тимот, откако беше потврден како замена за Кими Раиконен.

Ќе биде прилично посебно за прв пат да се вози во официјален тест за Ферари како нивен возач. Ќе биде прилично емотивно.

Ова се две различни екипи и секогаш е тешко да се споредат два болида бидејќи имаат рзличен баланс и се возат на поинаков начин. Дефинитивно одвај чекам – изјави Леклер.

Шарл ќе го замени местото со Кими Раиконен, кој пак ќе тестира за Заубер. Неколкумина возачи ќе го имаат своето прво искуство со новите тимови за 2019 година.

Пјер Гасли ќе тестира за Ред Бул. Моменталниот возач на Рено, Карлос Саинз и Ландо Норис од Формула 2 ќе тестираат за Мекларен, како и Роберт Кубица и шампионот од Формула 2, Џорџ Расел, кои ќе тестираат за Вилијамс.

Даниил Квјат ќе го има своето враќање во Торо Росо, а него ќе му се придружи Шон Гелаел, а не очекуваниот Александер Албон. Уште еден возач од Ф2, Артем Маркелов, ќе тестира за Рено, покрај Нико Хулкенберг. Даниел Рикардо сакаше да вози за неговата екипа за 2019, но Ред Бул не му дозволија.

Ленс Строл се очекува да вози за Форс Индија, но тоа сеуште не е потврдено.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.