Леклер: Одлична трка за мене

53

Шарл Леклер е свесен дека беше на пат за одлични поени во Германија, но загуби поради коцкањето во моментот кога екипата реши да му монтира интермедиа компонента при дождот кој се појави на мал дел од патеката.

20-годишникот на квалификации беше во К3, почна помеѓу првите 10, но стратегијата се покажа како погрешна за него затоа што патеката брзо се исуши и мораше за неколку кругови да врати на мазни гуми. Трката ја заврши на 15то место.

Исходот на трката е разочарувачки за мене откако имав одличен старт и ја задржав позицијата во горниот дел од средината на поредокот во текот на првата серија.

Перформансите на болидот беа одлични, добро се чувствував возејќи, но се појави дождот и бев повикан на промена на гуми. Патеката беше мокра само во текот на неколку кривини, така што гумите беа уништени во неколку кругови. Одтогаш трката ми се уништи.

Загубив многу позиции во тој период затоа што целосно промашивме со гумите. За жал ја завршивме трката на овој начин, но морам да кажам дека и овој викенд имаме напредок во однос на болидот.

Фокусиран сум на следната трка во Унгарија и нетрпелив сум да се вратам во поени – заврши Леклер.


Леклер: Одлична трка за мене

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>