Леклер: Не сум изненаден од себе

99

Шарл Леклер истакна дека не е изненаден од своите перформанси досега во Формула 1 првенството. 

Возачот на Заубер е поврзан со трансфер во Ферари, по приказ на импресивни перформанси досега во сезоната. 20-годишниот дебитант веќе има освоено титули во Формула 2 и ГП3 првенствата.

Не сум изненаден од себе си, но тимот е многу среќен и тоа ми е најважно. Не ми се верува дека имаме толку позитивни трки.

Тоа се сега 4 од 5 трки на кои што имаме одлични резултати, трка по трка. Одлично е, но мора да продолжиме да работиме напорно и да се подобруваме како досега.

Правиме мали чекори, но истите се во правилна насока од почетокот на сезоната. Тоа е нашата силна страна. Резултатите се добри, но по секоја трка секогаш се обидувам да размислувам и за негативните нешта и се обидувам да ги подобрам истите.

Досега се покажав добро, но не сум целосно самоуверен. Не сум некој кој што постојано се чувствува самоуверен во себеси, така што постојано се обидувам да се подобрам – изјави Леклер.


Леклер: Не сум изненаден од себе

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>