Шарл Леклер изјави дека не страда од притисокот во и големите очекувања во пресрет на неговиот трансфер во Маранело за следната година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Возачот на Заубер е откритие на сезоната, стигна до 7мо место како свој најдобар пласман и освои вкупно 27 поени годинава. 21-годишникот е “под капата“ на Ферари од 2016 година и дојде во врвот на моторспортот како актуелен Формула 2 првак.

секогаш имав за цел да одам во ферари колку што може поскоро. притисокот не е нешто од кое што страдам и мислам дека тоа нема да ми биде проблем следната година. јасно е дека и годинава имаше големо очекувања од мене и следната година ќе биде исто. фокусиран сум на мојата работа и извлекување на максимум од болидот додека возам – најави шарл.

Многумина сметаат дека Леклер од самиот старт на следното првенство ќе го предизвика Себастијан , а неговиот поранешен колега од картинг, Естебан Окон, дури смета дека ќе биде кандидат за титула.

секако дека е привилегија да се чуе тоа, но мислам дека е многу важно за мене да останам на земја со оглед на позицијата во која се наоѓам. лесно е, особено на моја возраст да направам некоја лудорија од сето тоа. се обидувам да не мислам премногу и да не ги слушам луѓето околу мене фокусирајќи се само на себе за да се подобрам.

Возачот родум од Монако ќе го замени првакот од 2007 година, Кими Раиконен, кој имаше одлична соработка со Себастијан Фетел и изјави дека сака да развие слична соработка со ШАрл.

тој е млад и ќе има многу работи во својата глава следната сезона. поради тимот мораме да работиме заедно на патеката, сигурен сум дека сака да ме победи како што и јас сакам да го победам, но правилата се јасни. клучно е да работиме заедно – смета фетел.

Тимскиот шеф, Маурицио изјави дека Фетел и Леклер ќе станат многу еднакви следната година, а младиот возач ќе може да учи без притисок.

шарл го познава себастијан од 2016 година кога потпиша прв договор со нас, а себ виде дека момчето има одличен талент, што подоцна и го потврди.

следната година целта за него ќе биде да собере искуство, тоа е најважно, да нема проблеми во главата и да учи од себастијан. ќе мора да ги научи сите работи на патеката, да ги апсорбира како сунѓер од искусен возач како себастијан – потенцира аривабене.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.