Шарл Леклер застана во одбрана на одлуката на Ферар да го пуштат со најтрдите гуми во гамата на стратегија со едно застанување во боксот сметајќи дека тоа било исправна стратегија која морала да се проба.

Ферари загуби од Мерцедес на квалификациите во Шпанија така што мораше да одберат алтернативна стратегија во обид да ги минат оние пред сбее. Леклер своите првични софт ги замени со тврдите бело означени хард за втората серија, додека неговиот колега прејде на медиум, а Макс Верстапен на софт.

Издржливоста беше тука, но тешко беше да се држи ритам и возачот од Монако лестно беше стигнат и престигнат од својот колега.

можев да направам многу работи и од оваа перспектива тешко е да се каже, но мислам дека ја одбравме вистинската стратегија. секогаш е правилно барем да се обидете да дојдете до подобар резултат.

имавме конкурента симулација на трка со хард компонентата во петок и тоа беше добар знак да се обидеме. да бидам искрен од почетокот балансот не беше како во петок, но штом ги ставивме гумите немаше враќање назад – објасни леклер.

Неговата стратегија беше на некој начин уништена од Безбедносното возило кое ги повлече сите, па и него, на второ менување гуми. Трката ја заврши на 5то место, зад својот колега.

јасно е дека безбедносното возило ја уништи мојата стратегија, но беше добро што се обидовме и тоа не беше грешка.

дали ќе ги задржев побрзите зад мене е тешко да се каже затоа што барселона е тешка патека за претекнување, но тоа никогаш нема да го дознаеме.