Трката изгледаше прилично осамена за Шарл Леклер, но од друга страна, тоа беше уште еден неверојатен резултат за возачот на Заубер на Руското Гранд При.

Денот на Леклер започна со одличен старт од седмото место и беше пред Кевин Магнусен и Естебан Окон, кој пак стартуваа пред него на гридот. 20-годишниот возач кој заминува во Ферари наредната сезона, призна дека превзел мал ризик на почетокот, но тоа се исплатело во останатиот дел од трката.

Ова беше неверојатна трка. Беше многу добро што успеав да ги претекнам Естебан и Кевин набрзина, бидејќи знаеме дека е тешко за претекнување на оваа патека.

Тоа што бев пред нив, беше огромна предност. Тие веднаш изгубија време и не беа во можност да ме следат.

Претекнувањето над Кевин беше одлично, а тој беше фер, што е добро да се види. Да постигнам ваков резултат прв пат сезонава е неверојатно чувство. Добра награда за сите нас кои работиме напорно секоја недела.

Драго ми е што освоив повеќе поени и одвај чекам на Јапонија – изјави Леклер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.