Леклер научил многу во борбата со Алонсо

146

Шарл Леклер доста кругови се бореше со Фернандо Алонсо за поени во Шпанија и по трката изјави дека научил навистина многу во таа борба со двократниот светски првак. Втора трка по ред возачот од Монако завршува во поени, овојпат со 10то место.

Исто така, втора трка по ред дебитантот се трка со Алонсо, овојпат не успеа да го задржи зад себе и беше минат при вториот рестарт на трката/

Борбата со Фернандо беше одлична, во Баку се боревме, но бевме на различни стратегии, а во Шпанија на иста. Секогаш е чест за мене да се тркам со толку големо Формула 1 име. Научив двојно повеќе борејќи се со него одошто со било кој друг и беше неверојатно добро.

Кога возите со кацигата на вас, не мислите дека се борите со Фернандо Алонсо. Со кацигата во болидот сите возачи се исти за мене и секогаш гледам да ги задржам зад себе, но на крајот беше многу тешко да се задржи Фернандо.

Предната лева гума ми беше целосно “изедена“, исто како и на Серхио кој ме мина на крајот. Беше навистина лошо да се вози со таква гума – анализира Леклер.

Заубер имаше планови редовно да се бори за топ 10 на трките и поради тоа Шарл е доста збунет од перформансите.

Збунет сум и не ми е јасно. Ги искористивме можностите, имавме судари пред нас, но мислам дека не бевме далеку од поени. Очекував доста да се мачиме и сметам дека очекувањата за Монако ни се погрешни.


Леклер научил многу во борбата со Алонсо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>