Леклер: Магнусен е опасен

189
   

Шерл Леклер не може да разбере зошто Кевин Магнусен не добил казна за опасниот маневар во борба за позиција со него. Леклер беше зад данецот и сакаше да го мине од десната страна, но што тоа го забележа, Кевин одеднаш го помести болидот во десно и го натера Шарл да го удри од позади. Магнусен заврши со дуната гума, предвремено менување и само 9 кругови на патеката пред да се откаже, додека Шарл имашр оштетено предно крило.

Стјуардите објавија дека инцидентот е под истрага, но не донесоа одлука да казнат некој возач иако наглата промена на правец на Магнусен во зоната за кочење беше повеќе од опасна.

За мене глдајќи од кокпитот е јасно, но морам да ја видам снимката. Пред 1-2 години се сеќавам дека имаше слична ситуација помеѓу Кими и Макс Верстапен во Спа, Верстапен гледаше во ретровизорите и штом го виде Кими да се придвижи на страна, веднаш тргна натака. Во тоа време сите се согласија дека тоа беше опасен потег.

Навистина не разбирам зошто Магнусен денеска не доби казна, а ми треба да разберам затоа што ако тоа е дозволено и јас сакам да го правам следниот пат. За мене тоа беше многу опасно при таа брзина – изјави Шарл по трката.

Леклер смета дека стјуардите мора да реагираат на тркањето на Магнусен кој на секоја трка е вклучен во инциденти за да се разбере што е дозволено, а што не.

Јас сум во мојата прва година во Формула 1 и секако дека возач со кој имам најмногу проблеми е дефинитивно Кевин Магнусен. Но, не сум ни единствениот кој се жали на него, затоа што сум зборувал и со другите и не можам да сфатам зошто понекогаш стјуардите не се построги со такви возачи, во спротивно тие ќе продолжат.

Ако можеме да се тркаме на овој начин, тогаш и јас би сакал да постапам така, иако по мене тоа не е правично – заврши Лекелр.


Леклер: Магнусен е опасен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>