Леклер за 5 милиони евра во Ферари ?

702
   

Италијанска La Gazzeta dello Sport во своето денешни издание пренесе дека Шарл Леклер потпишал професионален договор со Ферари вреден 5 милиони евра. Според спортскиот дневен весник, 20-годишникот се согласил на двегодишна верност со Маранело согласно кој следната година ќе биде платен 2 милиони евра, а во 2020 година ќе инкасира еден милион евра повеќе, а официјалната објава се очекува помеѓу Белгиското и Италијанското Гранд При.

Иако оваа сума е ситница за врвните Формула 1 возачи, сега за младиот возач од Монако сумата е огромна. И британски ББЦ тврди дека договор на возачот со Ферари е потпишан.

Договорот доаѓа по импресивните изданија на Леклер во Заубер од почетокот на годината и 4те финиши во поени на последните 5 тркачки викенди. Договорот во исто време значи дека финецот Кими Раиконен по пет години минати во Ферари ќе мора во пензија – пренесуваат медиумите.

Во свое скорешно интервју и самиот Леклер потенцираше дека тркање за тимот од Маранело е остварување на неговиот сон и неговата детска амбиција.

Од дете мојот сон е да ги возам црвените болиди и се надевам дека тоа ќе се оствари еден ден. Ќе дадам се од себе тоа да се случи, но одлуката не е во мои раце, а се што јас можам е да давам се од себе на секоја трка и да се надевам дека тоа ќе биде доволно за да сметаат на мене во иднина.

Шефот на Заубер, Фредерик Васур во пресрет на Австриското Гранд При појасни дека не очекува да остане без Шарл во текот на оваа сезона, иако е свесен дека тој е возач на Ферари.


Леклер за 5 милиони евра во Ферари ?

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>