Шарл тврди дека импресивниот напредок на во последниот дел од сезоната се должи на подоброто сетирање на болидот, а на на новините, затоа што болидот доста рано престанал да се развива.

Сезонава швајцарците ја започнаа борејќи се на дното со Вилијамс, но за разлика од нив, во последно време редовно доаѓаат до топ 10 пласман и поени. Во моментов тимот од Хинвил е на 8мо место кај конструкторите и само 6 поени зад Форс Индија.

основата на овогодинешниот болид е добра, но на првите трки не знаевме да го искористиме целосниот потенцијал. штом го разбравме балансот навистина силно напредувавме, а потоа се подобривме и се доразвивме во текот на сезоната.

болидот е импресивен во споредба со ланскиот, тоа се гледа по резултатите. веќе подолго време не носиме нови делови на болидот, но ги имаме истите перформанси како и екипите кои притискаат до последната трка. дефинитивно имаме силен болид – смета леклер.

Шарл и неговиот колега Маркус Ериксон имаа К3 квалификациски пласман на последните две Гранд При трки, а 21-годишникот од Монако заврши на 7мо место во Бразил и Мексико, последните два тркачки викенди. Одличнит перформанси му донесоа напредок во кариерата и следната година ќе се трка за Ферари.

не очекувавме да имаме толку добар крај на сезоната откако овогодинешниот болид почнавме многу рано да не го доразвиваме. дефинитивно заубер ќе бидат одлични догодина затоа што ќе добијат многу повеќе време за развој на следниот конкурент – заклучи леклер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.