Леклер задоволен што Заубер вади максимум

74
   

Шарл Леклер е задоволен од фактот што Алфа Ромео Заубер вади максимум од својот овогодишен болид. Швајцарците имаат одличен почеток на сезоната и веќе имаат повеќе од двојно од лани освоените поени со што се наоѓаат на 9то место во поредокот по 8 комплетирани тркачки викенди.

Заубер се константни од почетокот на Европскиот дел од сезоната, а дебитантот Леклер има топ 10 финиши во 4 наврати од последните 5 извозени трки.

Се чини дека вадиме максимум од болидот со кој се тркаме на секоја трка што е фантастично. Потенцијално Ред Бул Ринг е ушт еедно место каде без грешка можеме да стигнеме до добри поени.

Сметам дека вршиме одлична работа, како што Фредерик Васур кажа, константноса на сите трки е многу поважна од одличен успех на една и пад на следната – изјави Шарл.

Леклер смета дека Француското Гранд При е најдобар вкенд за тимот сезонава фалејќи ја екипата што успеалка од очаен Петок да стигнат до К3 на квалификациите и поени на трка.

Сметам дека Франција беше наш најдобар викенд од повеќе причини особено поради тоа што имавме огромен скок од Петок во Сабота. Сите во тимот завршија фантастична работа, работевме напорно и без паника иако постоеја причини за тоа и успеавме мирно да се движиме по правиот пат.

Саботните квалификации и К3 беа извонредни, чувството беше како пол позиција. Во Недела повторно имавме одличен ритам и бевме изненадени што се боревме со болиди како Хаас и Рено, иако французите беа побрзи од нас, но на моменти и ние ги притискавме. Трката беше одлично изненадување за сите нас.

Тимот носи новини и подобрувања на речиси секоја трка оваа сезона со цел да напредуа низ поредокот.

Сметам дека екипата е многу добра давајќи ми го балансот кој го сакав од болидот што многу ми помогна со перформансите затоа што болидот на тој начин ми е лесен за возење и одговара на мојот стил.

Од друга страна, имаме голем потенцијал во пакетот и сеуште треба да се подобриме, но знаеме дека тоа го правиме секоја трка. Малите чекори се многу битни во овој спорт и битно е секогаш да се движите кон напред. Но, понекогаш носите новини кои не ве носат напред, тоа годинава не ни се случило и поради тоа сме задоволни.

Мислам дека ни недостасува малку потисна сила. Сметам дека и јас можам да се подобрам во секој сегмент, Сепак, морам да потенцирам дека моторот е неверојатен, а останатите делови можат и подобро.


Леклер задоволен што Заубер вади максимум

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>