Покрај неговите перформанси со кои стигна на првото место во пласманот на вториот ден од пост-сезонскиот тест во Абу Даби, Шарл Леклер го заврши денот со посебни чувства.

Младата звезда на Ферари продолжи таму од каде неговиот колега за 2019 година, Себастијан Фетел, заврши, поставувајќи го најбрзото време во првиот ден.

Но ова беше важен момент за 21-годишниот возач, кој смета дека официјално станал дел од клубот на привилегираните, тие кои во изминатите 68 години биле дел од куќата во Маранело.

Секако дека беше емотивно.

Возење за Ферари е посебно, особено бидејќи ова беше ден на кој што одвај чекав, толку долго, незнаејќи дека ќе се оствари.

Задоволен сум со работата. Ја поминавме нашата програма која беше насочена кон споредба помеѓу овогодинешните и пневматиците за наредната сезона.

За мене беше важно бидејќи се запознав со тимот подобро, иако неколкумина не се странци за мене поради времето поминато во академијата на Ферари.

Во текот на наредните неколку недели, ќе работам за да бидам во најдобра форма и да научам од сите во тимот, како и тимскиот колега. Одвај чекам на наредната сезона … – изјави Леклер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.