На Големата награда на , Шарл Леклер многу добро покажа што гледаат Скудерија Ферари во него и зошто го земаа во Маранело од следната година.

Дебитантот имаше феноменален К2 круг на квалификациите кои иако беше возен по делумно мока патека, успеа да биде побрз од други возачи кои свотие обиди ги имаа по сув асфалт и поради тоа влезе во последниот квалификациски сегмент.

На трката по Интерлагос беше осамен и на крајот стигна како најдобар од останатите, втор пласман на 7мо место поред за тимот што е клучен за швајцарците во нивната борба за 8то место во конструкторскиот поредок.

среќен сум со трката и среќен сум што завршив на 7мо место, позитивен резултат со кој можеме да бидеме задоволни. беше забавно да се вози во бразил и да се донесат многу поени за дефинитивно освојување на 8то место кај конструкторите што е позитивно за цела екипа. нетрпелив сум да го повторам истото и во абу даби – најави шарл.

Со пласманот на Леклер, Заубер ја зголеми предноста во однос на Торо Росо во борбата за 8мо место во конструкторскиот поредок.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.