Леклер: Да видиме што можеме во Унгарија

68

Шарл Леклер се надева дека скорешните добри перформанси од болидот ќе бидат видливи и на престојното Унгарско Гранд При, трка на која 20-годишникот би сакал да стартува од топ 10 што би било 3ти последователен таков старт за него.

Тој стигна до поени на 5 трки сезонава, а имаше добри шанси и во Германија, но коцкањето со стратегијата и менувањето на интермедиа не се исплатеше. Тоа го чинеше неколку позиции и на крајот заврши надвор од поени.

Тој има убави спомени од Формула 2 на Хунгароринг откако лани заврши 4ти иако почна од последното место.

Нетрпелив сум за тркачкиот викенд во Унгарија затоа што Будимпешта е одличен град и секогаш уживам кога сум таму. Што се однесува до тркањето сакам да се вратам на Хунгароринг затоа што тоа е многу техничка патека и различна од патеките на кои сме возеле сезонава. Имам убави спомени од моите Формула 2 трки таму и нетрпелив сум да видам што можеме овој пат.

Константно имаме силни перформанси последните неколку недели и ако го надоградиме тоа треба да очекуваме повторно да финишираме во поени – смета Шарл.

Прв пат сезонава Леклер ќе паузира на првата петочна сесија и ќе го предаде својот Ц37 болид на колегата од Академијата на Ферари, Антонио Џовинаци.


Леклер: Да видиме што можеме во Унгарија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>