Возачот на Ферари за следната година, Шарл Леклер, се надева дека Торо Росо ќе потпише договор и ќе го донесе во Формула 1 неговиот поранешен колега, Александер .

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во моментов Албон е на второ место во Формула 2 поредокот, пред него е Џорџ Расел кој си обезбеди место во Вилијамс за 2019 година, а зад него е Ландо Норис кој ќе дебитира за Мекларен. Александер има потпишано договор со Нисан е-дамс тимот во Формула Е серијата, но Ред Бул притискаат договорот да биде раскинат и младиот возач да го донесат во Фаенца.

Во 2016 година во ГП3 серијата Леклер возеше крај Албон и го победи за титула, по што двајцата преминаа во посилната Формула 2.

не сум сигурен дали алекс албон ќе успее да влезе во формула 1, но дефинитивно заслужува шанса. беше навистина силен кога се тркав против него и заслужува да го земе местото за кое се шпекулира – смета Леклер.

Албон беше дел од Академијата на Ред Бул во минатото, но по разочарувачката сезона во Формула Рено Еурокуп, беше отпуштен од тимот. Медиумите пренесуваат дека повторниот интерес на Ред Бул произлегува од силната финансиска поддршка која ја има возачот од компании од Тајланд, родната земја на неговата мајка и државата од каде Дитрих Матешич најде инспирација за својот енергетски пијалок.

За време на Гранд При викендот во Мексико, Франц Тост, шефот на тимот, изјави дека Брендон Хартли не прави доволно за да си го задржи своето место во екипата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.