Леклер го откри потенцијалот на Алфа Ромео Заубер

154

Шарл Леклер изјави дека неговото кратко искуство во Формула 1 го натерало да избере баланс на болидот со повеќе подуправување за да ги извлече максималните перформанси од својот болид, што го потврди со прв пласман во вториот сегмент од квалификациите во Баку.

Леклер ги имаше најдобрите квалификации досега од своето деби во Формула 1, со пласман на 14то место за трката, но ќе стартува од 13то место поради казната на Нико Хулкенберг од Рено.

Леклер вели дека промената на сетапот од надуправување кон баланс со подуправување се покажала како клучна и му дала поголема контрола над неговиот болид.

Мислам дека најголем чекор е пристапот кон сетапот и сега имам многу постабилен болид. Полесен е за возење, полесно можам да возам на лимитот. Тоа е голем чекор напред. Комбинација од повеќе работи доведоа до подобрувањето.

Целевме кон сетап со повеќе подуправување. Претходно болидот беше многу непредвидлив за возење. Направив повеќе грешшки во првите три трки. Ова е добар чекор напред. Имаме помалку потисна сила, но балансот е подобар.

Мора да бидеме внимателни и да очекуваме добри резултати на секоја трка. Баку е патека која повеќе одговара на нашиот болид – изјави Леклер.


Леклер го откри потенцијалот на Алфа Ромео Заубер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>