Тимскиот шеф на Заубер, Фред Васур, не ја отпишува можноста за “трампа“ помеѓу Ферари и Заубер во која Кими Раиконен би преминал во тимот од Хинвил, каде што ја започна својата кариера, додека Шарл Леклер би се приклучил на италијанците од Маранело.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Според некои медиуми, овој договор би можел да се склучи во 2019 година. Возачките тандеми за наредната сезона се појасни откако Мерцедес ги обнови договорите на Хамилтон и Ботас.

Младата звезда Леклер покажа серија на неверојатни перформанси и се постави себеси како главен конкурент за возачко место покрај Себастијан Ветел, доколку Ферари одлучат да го променат возачкото дуо.

Васур признава дека ја разгледува можноста за враќање на Раиконен во екипата каде што ја започна кариерата, додека во исто време ќе остане во семејството на Ферари.

Сакам да ги имам најдобрите момци во нашите болиди, тоа е најважно за тимот и да не ги загрозиме перформансите. Многу е подобро кога имате светски шампион, наместо некој што не освоил ништо.

Јас сум фокусиран само на перформанси. Најважно е да го имаме најдобриот тандем за наредната сезона и за иднината. Тоа е моја главна грижа – изјави Васур.

Кими, шампион од 2007 година, дебитираше во Формула 1 во 2001 година со Заубер. Леклер, 20-годишен, сеуште е во својата дебитантска сезона почнувајќи од Австралија оваа година.

Ќе разговараме со Ферари. Не е прашање на право, но ќе разговараме заедно – додаде Васур.

Ленс Строл е поврзан со трансфер во Форс Индија за 2019 година по тешката сезона во Вилијамс која е неприфатлива за неговиот татко милијардер, еден од најбогатите бизнисмени во Канада.

Не сум загрижен за тоа, во тој период од сезоната сме кога има многу приказни од возачите. Би сакале Ленс да остане, но вратите се отворени – изјави Пади Лоув.


4 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.